Менада

Jun 13, 2010 09:12


Другие записи: Это радость. | уйди-прошу-бессонница | День 2010.10.14, Точное время 06:24:00 | Wake up!

V в.п.н.е

Малата бронзена статуетка, наречена "Менада", била пронајдена во кнежевска гробница на племето Агрибијани во 1932 година. Ахајската гробница во Тетово како совршено архитектонско дело и единствено од тоа време во целата земја, остана нецелосно истражена. Искршена и затрупана таа денес не е достапна ниту на јавноста ниту на науката. Сега над неа е изградена куќа.




Овој археолошки раритет ќе остане загатка за науката, која ја збунува фактот што толку рано била формирана регионалната политичка власт со која кнезовите во Полог им гарантирале безбедност на трговците и мајсторите од далечните земји и набавувале скапа луксузна опрема од тогашните светски метрополи. Слично на неколкуте други истовремени кнежевски гробови кај Требениште кај Охрид, Беранци кај Битола, тетовскиот наод зборува и за патот на ширењето на еленските културни влијанија и новиот начин на живеење на балканската аристократија. Статуетката носи лик на танчарка што учествувала на Ионизијадите, најголемите прослави во чест на Дионис, божество на виното, на новата вегетација и на будењето на пролетта. Статуата од нецели 10 см, била налемена со калај како украс на рачката на широк бронзен украсен котел за мешање вино со вода, кој се употребувал во ритуалните обреди. Според стилските особености таа е дел на некој грчки вешт мајстор од Тиринт, сегашна јужна Италија.
Во Македонија биле пронајдени само две вакви менади, од кои првата во гробница во Жданец, скопско. Тетовската фигура на бронзена танчерка се чува во археолошките поставки на Музеи на на Македонија како дел од археолошките сведоштва за цивилизацискиот идентитет на овие простори.

гробница, археолошките, Тетовската, нецелосно, Требениште

Previous post Next post
Up