Другие записи:
День 2010.11.07, Точное время 19:12:00 |
Дневниковое. |
Странный сон |
Они стали соеобразным VI в.п.н.е
Во близина на селото Говрлево, скопско, се наоѓа археолошкиот локалитет Церје што датира од неолитско време. Длабокиот културен слој упатува на постоење на повеќеслојна населба во која животот се одвивал од времето на раниот неолит, па се до доцниот неолит, на што навестуваат последните два слоја во кои се откриени неколку стамбени куќи направени од дрво и камен. Oна што буди најголемо интересирање е една неодамна откриена фигура, глинена фигура на машко тело, “Адам од Говрлево”.
Наодот “Адам од Говрлево” претставува фигура на машко тело во седечки став со поднаведнат грб на кој умешно се издлабени, рбетниот столб заедно со пршлените и ребрата. На неговото тело е истакнат и предимензиониран папокот, поставен на вовлечен стомак, во чиј долен дел се гледа коренот на машкиот полов орган во ерекција. Сево ова укажува на еден модел на човек во кој се преплетуваат човечкото и боженственото. Токму оваа негова духовна димензија го чини теракотниот примерок осамен и единствен меѓу пронајдоците од тоа време.